ЕВН во дистрибутивниот сектор ќе вложи над милијарда евра
Околу милијарда евра ЕВН Македонија ќе вложи во рамки на инвестициона програма која опфаќа конкретни проекти во дистрибутивниот сектор во следните дваесет години.
„Денеска сум на настан каде се презентира инвестиција на ЕВН за период од дваесет години со вредност од околу една милијарда евра“, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски на денешната презентација на Мастер планот на ЕВН Македонија за следните две децении.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст рече дека компанијата пет години напорна и студиозно работела на изработка на стратешкиот документ.
„Овој стратешки документ многу јасно ја демонстрира посветеноста на ЕВН Македонија за задоволството на корисниците, но и посветеноста да се даде ново светло на идниот развој на нашата земја“, истакна Хегнст.
Според министерот за економија, Ваљон Сараќини станува збор за за инвестициони проекти на територија на целата земја кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот во снабдувањето и дистрибуцијата на електрична енергија и ќе овозможат економски развој на земјата и креирање на поконкурентна економија. на електрична енергија, но што е уште поважно ќе овозможат економски развој на земјата и креирање на поконкурентна економија.
На изработката на Мастерпланот стручните тимови на ЕВН Македонија работеа пет години, при што беа земени предвид сите расположливи податоци од домашните и странски институции, била консултирана академската домашна и странска јавност, енергетските компании и сопствена база со податоци на ЕВН.
ЕВН во Македонија е присутна седум години и до сега имаат 196 милиони евра инвестиции во нови и реконструирани ниско и средно напонски мрежи, реконструирани и нови трафостаници како и нови броила. Со тоа се обезбеди и работа и на 5000 подизведувачи.
