ЕВН во битка со невремето, системот паѓаше во Сопиште, Ѓорче Петров, Маврово!
Студеното време предизвика испади на струја во повеќе населени места низ Македонија. До доцна синоќа екипите на дистрибутивниот систем ЕВН ги санираа штетите низ градовите каде поради преоптеретеност на системот попуштаа трафостаниците.
Во одредени делови на денот, а особено во подоцнежните часови подолги или пократки периоди без струја беа делови од Сопиште, Соње, Ѓорче Петров, а драматично беше во Маврово. Сепак, состојбата полека се санираше околу 10 часот, иако одредени мавровски села останаа отсечени поради непристапноста на теренот односно неисчистениот пат.
ЕВН апелира и во следните денови граѓаните да внимаваат на потрошувачката и колку што е можно повеќе да се штеди електрична енергија. Дополнително, проблемот со потрошувачката на струја е изразен и поради намаленото количество топлинска енергија која ја испорачува Топлификација во изминатиов период.
Слично
