ЕВН влезе во Арачиново, Бектеши вели дека „загубите“ во оваа општина се 6 милиони евра
Екипите на ЕВН, како што беше договорено, од денас започнуваат непречено да работат во Арачиново со цел да се превземат соодветните мерки за мржата да може да функционира согласно сите правила и да се плаќа електричата енергија.
Информацијата ја потврди градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, за ТВ21 потврди дека присутни се екипи на ЕВН во скопското село и дека се работи на санирање на дефектот.
Од денеска сите струјомери ќе бидат поставени надвор, според планот на ЕВН и коордитивно тело во согласност со жителите.
Министерот за економија Крешник Бектеши утринава во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека од 100 милиони евра платени преку сметките од страна на граѓаните „за загуби“ потрошени се 100 милиони евра, од кои 6 милиони евра се евидентирани како кражба на електрична енергија во Арачиново.
Бектеши најави дека Општина Арачиново во иднина ќе биде пример на совесно плаќање, додека Владата донела одлука да изгради ободен канал од 1,1 милиони евра на ова место затоа што „ќе продочжо да им помага на дискриминираните општини“.
