Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евија е во пламен, а 38 македонски државјани безбедно заминале

Евија е во пламен, а 38 македонски државјани безбедно заминале

Од грчкиот остров Евија во неделата безбедно заминале 38 македонски државјани, потврдија од Министерството за надворешни работи. 

Еден македонски државјанин останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот.

„Амбасадата на Република Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Македонија кои оперираат на територијата на Република Грција и истите имале аранжмани за островот Евиа. Според информациите, во недела, на 8-ми август, на островот се наоѓаат 39 туристи од Македонија. 38 од нив безбедно го имаат напуштено островот, се упатиле кон други одморалишта или им заврши аранжманот и се вратија во Македонија. Додека едниот наш државјанин, кој останал на островот Евиа е сместен во јужниот дел на островот Евиа (во моментот безбедно место). Инаку, Амбасадата стапи во контакт со лицето и во моментот нема опасност од пожари во делот каде е сместен“, наведуваат од МНР.

МНР денеска упати апел за претпазливост при патување или престој во Грција поради ситуацијата со пожарите и информира дека досега ниту еден наш државјанин не побарал помош. 

Жителите на повеќе села на грчкиот остров Евија, ноќта ја поминаа заедно со пожарникарите, во обид да го ограничат ширењето на пожарот.  За неколку дена има над 580 пожари кај јужниот сосед. 

Грчка новинарка, не издржа и се расплака додека известуваше од островот и разговараше со тамошен жител. 

Слично

Поврзани вести