Еве што се случи со грчкиот пензионер кој очајно плачеше пред банките!
Јоргос Цатцифотиадис е грчки пензионер чии фотографии го заобиколија светот и натажија многу луѓе, а за него пишувавме и ние и разни светски медиуми.
Лицето на овој дедо стана препознатливо, па многумина решија да му помогнат. Еден од нив е и австралиски бизнисмен, кој се понуди овој грчки пензионер да го „извлече“ од тешката и кризна ситуација.
Имено, фотографијата настана тој ден кога безуспешно стоеше во ред пред три банки во Солун како би ја подигнал пензијата за својата сопруга, а бидејќи во четвртата му е кажено дека тоа не може да го направи, се расплакал.
Фотографијата на која тој седи пред банката и искрено плаче од очај, додека на земјата крај него се штедната книжка и лична карта ја направи фотографот на француската агенција АП како илустрација на страдањата на обичните граѓани на Грција поради кризата во таа земја.
Човекот кој ќе му помогне е менаџер на една компанија од Австралија по име Џејмс Коуфос, кој реагираше откако се дозна дека Јоргос им е стар семеен пријател.
„Ги повикувам сите свои пријатели да му помогнат на овој човек - напиша на својот Фејсбук профил и вети дека ќе му дава пензија „толкав период колку ќе му биде потребно“.
Инаку, Јоргос одел заедно во училиште со покојниот татко на Џејсм, дури живееле во исто село.
„Ова е неверојатна и ретка прилика да му помогнам навистина на некој“, рекол Џејмс.

