Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве по кои цени ќе точиме гориво: Бензините поевтини за 1,5 денари, дизелот поскапува за половина денар

Еве по кои цени ќе точиме гориво: Бензините поевтини за 1,5 денари, дизелот поскапува за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со којасе врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 отсто, во однос Oдлуката од 28.09.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98  се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Од 6.10.2020 годинаод 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  59,00 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  61,00 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  50,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  50,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС  25,968 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг и ќе изнесува 25,968 ден/кг.

Воизминатиот седумдневен периодреферентните цени на светските берзибележат намалување кај бензинот за 0,714%, кај дизелотима зголемување за 1,463%,зголемување има и кај екстра лесното масло за1,638%,додека кај мазутот има зголемување за 1,324% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,393%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести