Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве на кои предмети ќе работи обвинителката Катица Јанева

Еве на кои предмети ќе работи обвинителката Катица Јанева

На масата на специјалното јавно обвинителство ќе бидат ставени сите наводи за криминал кои се поврзани и произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите  во периодот од 2008 до 2015 година.

Овде влегуваат и предметите за случајот Монструм, А1, апсење на Љубе Бошкоски, парцелите на Водно, рушењето на Космос и други.

Помалите партии бараат обвинителката да работи и на други случаи како инцидентите во Куманово, како и за случајот Маѓар Телеком.

Во меѓувреме, Јанева се очеува да почне постапка за 27 кривични пријави против владини функционери, кои ги пријави опозицијата. Дел од овие пријави се против премиерот Никола Груевски за перење пари, злосторничко здружување и злоупотреба на положба.

Премиерот пак, пред неколку дена изјави дека не се плаши од новата обвинителка бидјеќи немало причина за тоа.

И Груевски и Заев ќе треба да се соочат пред обвинителката за случаите Пуч и Прислушкувањето.

Слично

Поврзани вести