Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве колку заработуваат професорите во светот

Еве колку заработуваат професорите во светот

По пат на анкета со неколку прашања утврдено е колку заработуваат професорите во светот. 

Ќе се изненадите колкави се разликите во приходите. 

Торонто, Канада

- имам 32 години и работам како дефектолог 

- заработувам 2.850 евра и не издржувам никого 

- живеам во двособна куќа, а трошоците ми се 1175 евра

- задоволен сум од приходите, а лекувањето и осигурувањето ми се бесплатни

Прилеп, Македонија 

- имам 27 години и предавам англиски помалку од година дена

- минатиот месец заработив 120 евра

- живеам со родителите инаку не знам како би опстанала

- сакам да живеам сама, но немам можности за таков луксуз

Лондон, Англија 

- имам 27 години и учител сум

- заработувам 3240 евра, живеам во двокреветна соба и трошоците ми се 1.030 евра

- се прашувам дали ми е потребен толкав стрес и штедам за семејството во Австралија 

Атина, Грција 

- имам 55 години, а 33 години предавам англиски јазик 

- живеам во двособен стан во Атина, а сметките ми се 200 евра 

- минатиот месец заштедив 50 евра

- ја сакам работата, но трошоците се многу големи

Килдар, Ирска

- имам 29 години и предавам математика 

- живеам со сопругот во изнајмена куќа, а трошоците ми се 500 евра 

- засега е добро, но не знам како би било кога би имала деца и затоа запишав курс за програмирање

Каргошима, Јапонија 

- имам 47 години и 19 години сум професор по англиски 

- со сопругата ја издржуваме ќерката, а за пристоен стан плаќаме 600 евра 

- штедам за ќерка ми, а за себе не можам многу да си дозволам затоа што едно лекување ме чинеше 740 евра 

Круонис, Литванија 

- имам 56 години и 36 години стаж

- заработувам по 800 евра месечно, а син ми е студент 

- живеам во своја куќа, а за сметки плаќам 100 евра

- би било убаво да заработувам повеќе

Слично

Поврзани вести