Еве колку плата земал за неполни шест месеци Младеновски во „Макошпед“
За неполни шест месеци долгогодишниот првиот човек на „Макошпед“ според годишниот извештај за лани земал над 30 000 евра плата и уште 67.000 евра надоместоци по основ на менаџерски договор .
Коста Младеновски чија функција престана во мај лани , минатата година добил плата од 30.000 евра односно 1,89 милиони денари а по основ на останати надоместоци по менаџерски договор исплатени му се уште 4,12 милиони денари односно 66.700 евра покажале покажуваат податоците од годишниот извештај на актуелната директорка на „Макошпед“ Марија Каранфиловиќ за работењето на оваа шпедитерска компанија лани.
Лани на 20 мај на Младеновски како извршен член на Одборот на директори му престанал мандатот заради истек на 4 години .
Слично
