Сите жени се добри, но сепак некои се подобри и од најдобрите. Дознајте зад кој хороскопски знак се кријат надобрите жени за брак!
Рак
Еднаш кога ќе ја освоите жената родена во знакот Рак, таа ќе ве сака речиси безусловно и ќе биде подготвена со вас или поради вас да оди дури и на крајот на светот. Нејзините чувства се секогаш интензивни. Со неа ќе дознаете што значи покрај себе да имате вистинска жена. Таа е подготвена да направи се’, за нејзиниот партнер да биде најсреќниот човек на светот.
Со оглед на тоа што е склона на драматично доживување на се’ во животот, со неа постојано ќе имате театар во домот. Но, тоа е мала цена која што треба да ја платите за животот во оаза. Таа постојано ќе ве изненадува со највкусната храна и со удобноста на внимателно опремениот дом.
За неа децата се најсветото нешто и секогаш нивните потреби ќе бидат пред нејзините. Се што очекува од вас е да ја галите, да внимавате на неа и да бидете искрени.
Лав
Лавиците се силни и експлозивни, вистински жени – воини. Таа е жена со неверојатна сила и способност, но сепак и треба помош ако неможе сама да ја отвори вакумираната тегла.
Таа бара некој што е еднаков со неа, па покрај неа никако нема да бидете обичен човек, туку супермен! Ќе ја обожавате затоа што таа никогаш нема да мора да направи нешто посебно за вие да ја обожавате и секогаш ќе се прашувате во што е финтата?
Се’ што прави за вас, таа го прави со целото свое битие. Нема да сретнете ниту една жена која повеликодушно ќе ве сака од неа. Кога бара нешто, секоја нејзина желба за вас е заповед. Со неа ќе сфатите што е несебична и вистинска љубов.
Таа за нејзините деца се бори како лавица. Секогаш ќе биде тука и секогаш ќе биде внимателна. Тешко на оние што ќе ги натажат или ќе им кажат нешто грдо. Од вас бара само да ја обожавате!
Еве кои жени се најдобри за брак според хороскопот
Слично
