Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве кои намирници може да поскапат поради блокадата на Ормускиот Теснец

Еве кои намирници може да поскапат поради блокадата на Ормускиот Теснец

Сукобите на Блискиот Исток и нападите врз бродови во Ормускиот Теснец, еден од најважните поморски коридори во светот, почнуваат да создаваат сериозни потреси на глобалните пазари. Само во последните недели најмалку десет бродови биле нападнати, а стотици танкери и товарни бродови чекаат од двете страни на теснецот.

Иако САД понудија морнаричка придружба и програма за осигурување вредна 20 милијарди долари за нафтените танкери, многу бродски компании ги прекинаа операциите поради зголемените ризици и драстично поскапените транспортни и осигурителни трошоци.

Ормускиот Теснец е клучен за светската економија, бидејќи низ него минуваат околу 30 проценти од глобалниот извоз на нафта и 20 проценти од снабдувањето со природен гас. Но, не станува збор само за енергенси – низ овој коридор поминува и околу 30 проценти од светскиот извоз на ѓубрива, што директно влијае врз производството на храна.

Поради нарушувањата во транспортот, цената на уреата – едно од најважните минерални ѓубрива – веќе скокна од околу 450 на повеќе од 600 долари по тон. Ова веднаш предизвикува загриженост кај земјоделците и аналитичарите, бидејќи ѓубривата се клучни за одржување на приносите во земјоделството.

Експертите предупредуваат дека ако кризата продолжи, со текот на времето може да се зголемат цените на повеќе основни намирници.

Меѓу производите кои најверојатно би можеле да поскапат се:

  • пченица и пченка,

  • леб и тестенини,

  • компири и други земјоделски култури,

  • млечни производи,

  • морска храна,

  • сојино масло и сточна храна.

Причината е двојна. Од една страна, повисоките цени на ѓубривата ја зголемуваат цената на земјоделското производство. Од друга страна, растот на цената на нафтата ја поскапува транспортот, преработката и дистрибуцијата на храната.

Според експертите, за сега нема причина за паника, бидејќи светските резерви и стратешките залихи на енергенси можат да ги ублажат краткорочните шокови. Сепак, доколку Ормускиот Теснец биде блокиран подолг период, ризикот од нов бран на глобална инфлација и поскапување на храната значително ќе се зголеми.

Токму затоа економистите предупредуваат дека развојот на ситуацијата во овој теснец ќе биде еден од најважните фактори за цените на храната во наредните месеци.

Еправозато



Слично

Поврзани вести