ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Новина во Управнот одбор на Централна кооперативна банка. Со одлука донесена на 12 декември од страна на Народната банка во УО влегуваат Неделин Валчев и Орце Трајковски. Двајцата остануваат во УО две години.
Одлуката за измените Централна кооперативна банка ја објави на Македонска берза.
- Со решение бр.15-34368/6 од 12.12.2025 година, донесено од страна на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија, издадена е предходна согласност за Неделин Валчев, да биде именуван за член на Управниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје за период од 2 (две) години.
- Со решение бр.15-34367/6 од 12.12.2025 година, донесено од страна на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија, издадена е предходна согласност за Орце Трајковски, да биде именуван за член на Управниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје за период од 2 (две) години - се наведува во објавата.
Инаку ова не е прв мандат за Валчев и Трајковски, кои и претходно беа во Управниот одбор на оваа банка. Воедно Неделин Валчев е и Претседател на УО на ЦКБ.ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Епски резултат на мала банка! Кој ја зголеми довербата на штедачите за 10% во една година?
