Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве кои денови ќе бидат неработни во 2015 година

Еве кои денови ќе бидат неработни во 2015 година
Граѓаните на Република Македонија, Согласно со Законот за празниците, во 2015 година ќе имаат дури 27 неработни денови. Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) предвидува во 2015 година неработни денови да бидат:   За сите граѓани на РМ 01 јануари (четврток), Нова Година 07 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар 01 мај (петок), Ден на трудот 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден 17 јули (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден 08 септември (вторник), Ден на независноста 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”   За граѓаните од православна вероисповед 06 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици) 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)   За граѓаните од католичка вероисповед 06 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден 01 ноември (недела), Празникот на сите светци 25 декември (петок), првиот ден на Божик   За граѓаните од муслиманска вероисповед 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам   За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука   За граѓаните припадници на српската заедница во РМ 27 јануари (вторник), Свети Сава   За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите   За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ 23 мај (сабота), Национален ден на Власите   За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 23 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур   За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците   За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
Слично

Поврзани вести