Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве какво време нè очекува за викендов!

Еве какво време нè очекува за викендов!
За време на празниците нè очекува променливо и топло време, а веќе наредната недела се очекува освежување. Времето денеска во Македонија на повеќето места ќе биде нестабилно со пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а локално во форма на невреме со појава на град. Според најавите на метеоролозите дневната температура денеска ќе се движи во интервал од 26 до 32 спени. Во Скопје попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе се искачи до 30-от степен. За време на празничниот викенд синоптичарите најавуваат изолирана појава на нестабилност, а од почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
Слично

Поврзани вести