Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве какви давачки и за кои видови бензин ќе плаќаме од први јули - ПОЗНАТИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ЕКОЛОШКАТА ТАКСА

Еве какви давачки и за кои видови бензин ќе плаќаме од први јули - ПОЗНАТИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ЕКОЛОШКАТА ТАКСА

Стануваат познати деталите за еколошката такса, односно за кои видови на гориво колкав двчка ќе наплаќа државата.

 До Собранието е доставен предлог законот за изменување на Законот за животна средина, чии предлагач е Владата, а ќе го брани министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Во законсите измени стои дека висината на надоместокот што ќе се плаќа при увоз на нафтени деривати или производство на нафтени деривати, изнесува: за моторен бензин, и тоа: - моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и авионски бензин, изнесува 3,65 ден/л и безоловен бензин со содржина на олово до 0.013 г/л, изнесува 3,18 ден/л; додека, пак, за гасно масло, и тоа за употреба како: гориво за дизел мотори, изнесува 3,53 ден/л и  масло за горење екстра лесно, изнесува 3,54 ден/л и масло за горење М1, М2 (мазут), изнесува 3,55 ден/кг.“

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

Во своето образложение Владата вели дека „врз основа на Заклучокот на Владата донесен на 81-та седница одржана на 22.6.2021 година со кој се предвидува зголемување на еколошката такса, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон измена на Законот за животна средина и зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повиисока од 0,013 г/л и авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати. Следствено, надоместокот за моторен бензин со содржина на олово повиисока од 0,013 г/л и авионски бензин од 0,15 ден/л се зголемува на 3,65 ден/л, за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л од 0,08 ден/л на 3,18 ден/л, за горивото за дизел мотори од 0,03 ден/л на 3,53 ден/л, маслото за горење екстра лесно од 0,04 ден/л на 3,54 ден/л и мазутот од 0,05 ден/кг на 3,55 ден/кг“, се вели во Образложението.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести