Еве каква зима не очекува годинава
Американската метеоролошка агенција Accuweather прогнозира какво ќе биде времето зимава во нашите краеви и целата Европа.
Според Accuweather, пред нас стои уште една зима со драстично променливи температури.
По поплавите доаѓа мраз
После топлиот почеток на зимата, американските метеоролози прогнозираат многу снежни врнежи, а потоа и ниски температури, особено во февруари. Честите и брзи циклони ќе се преместуваат од Атлантикот преку северот од Шпанија, јужна Франција, северна Италија, Алпите, како и северен Балкан понатаму на источниот дел од континентот.
Во втората половина од зимата, во алпското подрачје се предвидуваат надпросечни количини снег, а обилните снежни врнежи би можеле да се спуштат и до нашето подрачје.
Источните делови од Германија, Франција, Белгија, Данска и Полска би можеле да почувствуваат силно влијание на поларниот воздух, додека северозападот од континентот би требало да има поблага зима.
