Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве како да најдете супер евтини авионски билети

Еве како да најдете супер евтини авионски билети

 Сакате да патувате низ светот за евтини пари? Еве неколку совети како да барате евтини авионски летови.

Најдобар ден за да барате евтини авионски карти е вторник, бидејќи на овој ден авиокомпаниите обично ги објавуваат своите најдобри предлози и попусти.

Летајте во помалку популарни денови- Вторник, среда и сабота се денови со најмал метеж во авионскиот сообраќај, што значи дека во овие денови можете да најдете поевтини карти од останатите денови. Исто така можете да најдете и намалени карти во утринските часови.

Изберете го вашето место подоцна – Дел од авиопревозници наплаќаат дополнително за оние кои сакаат да ги изберат своите места на интернет. Појавите се порано на аеродромот и се уште ќе имате можност да одберете добри локации и тоа без дополнителни трошоци.

Летајте за време на празници - Цените на авионските карти значително се поскапи во лето или пред и по големите празници. Ако летате во ден на некои големи празници можете да најдете значително поевтини карти.

Не резервирајте билет во последен момент - Не ги резервирајте билетите прерано или доцна, затоа што тоа е прилично скапо. Цените на билетите се најевтини меѓу три месеци и месец и половина пред летот.

Внимавајте со багажот - Речиси сите авиокомпании имаат правила за багажот и најчесто тие предвидуваат и поголеми трошоци. По можност патувајте само со рачен багаж.

Слично

Поврзани вести