Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еве каде можете да заработите до 6.000 евра месечно

Еве каде можете да заработите до 6.000 евра месечно

Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис) нуди богатство од информации за платите во Германија – и покажува јасни разлики меѓу секторите.

Во април 2024 година, вработените со полно работно време заработувале просечно:

- 6.182 евра бруто месечно во секторот за финансиски и осигурителни услуги
- 5.955 евра во ИТ секторот
- 4.791 евра во јавниот сектор
- 3.133 евра во земјоделството и шумарството
- 3.042 евра во угостителската индустрија

SAP и Airbus на врвот

Според податоците од платформата Kununu, која објавува анонимни кориснички податоци за платите во одредени компании,

Топ 10 компании со највисоки просечни плати се:

- SAP – 76.711 евра бруто годишно
- Airbus – 74.874 евра
- Commerzbank – 73.538 евра
- Bosch – 72.094 евра
- Continental – 71.146 евра
- 
Siemens – 69.410 евра
- Volkswagen – 69.257 евра
- TÜV Süd – 68.061 евра
- R+V Versicherung – 67.794 евра
- Accenture Deutschland – 67.580 евра
- Највисоко платени професии: пилоти на врвот

Кунуну, исто така, ги наведува најдобро платените професии во Германија:

- Пилоти – 90.500 евра бруто годишно
- Ревизори (Wirtschaftsprüfer) – 90.400 евра
- Лекари – 87.000 евра

Просечна плата во Германија: жените сè уште заработуваат помалку

Според податоците на Destatis, просечната бруто плата во април 2024 година изнесувала 4.634 евра месечно, што дава годишна плата од 55.608 евра, објавува списанието Fenix.

- Мажи со полно работно време: 4.830 евра бруто месечно
- Жени со полно работно време: 4.214 евра бруто месечно
- Разлика: околу 600 евра месечно

Слично

Поврзани вести