Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВАКУИРАНИ СТОТИЦИ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ПОРАДИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ: Црногорските општини под закани од бомби

ЕВАКУИРАНИ СТОТИЦИ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ПОРАДИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ: Црногорските општини под закани од бомби

Утринава дојави за бомби пристигнаа на адреси на неколку училишта во повеќе градови во Црна Гора. Закани стигнаа и на адреси на општините.

Од Министерството за образование, како што пишуваат локалните медиуми, изјавиле дека наставата во тие училишта е прекината, а учениците и вработените се евакуирани. Според нив, Министерството е во постојана координација со службениците на Полициската управа.

Тие додаваат дека заканата од бомби стигнала до основното училиште Саво Илиќ во Котор, како и до училиштата Блажо Јоков Орландиќ и Анто Ѓедовиќ во Бар.

Дојави за бомби добија и основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Радомир Митровиќ“ во Беране, како и основните училишта во Петњица, Андријевица, Плав и Гусиње.

Дојави за бомби стигнаа и до основните училишта во Никшиќ и Колашин.

Полициската управа соопшти дека нивни припадници утрово ги обезбедуваат училиштата во кои пристигнале заканите за поставените бомби, вршат контрола и увид во објектите.

Закани стигнаа и на адреси на општините

Закани за наводно поставени експлозивни направи утринава пристигнале на адресите на општините Никшиќ, Бар и Беране, пишува Vijesti.me.

Порталот Једро објави дека е евакуирана зградата на општина Бар, во која се сместени и судот, обвинителството, како и партиски простории.



Слично

Поврзани вести