Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евакуација поради лажна бомба на сараевскиот аеродром!

Евакуација поради лажна бомба на сараевскиот аеродром!

Поради дојава за бомба на Меѓународниот аеродром во Сараево вчера вечерта е обавен контрадиверионен преглед на патниците и багажот кој го извршиле припадници на Министерствата на внатрешни работи на Кантонот Сараево и Граничната полиција на БиХ.

Од извори блиски до Граничната полиција на БиХ е речено дека се врши преглед на авионот „Туркис ерлајнс“, кој требало да полета за Истанбул.

Според зборовите на портпаролката на Граничната полиција Санела Дујковиќ, Граничната полиција како и обезбедувањето на сараевскиот аеродром, дигнале паника после анонимната дојава дека во еден од авионите се наоѓа експлозивна направа.

За среќа после обемниот преглед на авионот и аеродромската зграда, потврдено е дека дојавата била лажна.

Слично

Поврзани вести