Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУРОСУПЕР БС 95 ПОСКАПУВА ЗА ПОЛОВИНА ДЕНАР, повисока цена ќе има и мазутот, кај другите горива нема промени

ЕУРОСУПЕР БС 95 ПОСКАПУВА ЗА ПОЛОВИНА ДЕНАР, повисока цена ќе има и мазутот, кај другите горива нема промени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21% во однос на Одлуката од 28.12.2020 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 28.12.2020 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денар/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг во однос на одлуката од 28.12.2020 година.

Од 5.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  61,00  (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС -98  62,50  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  53,00  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  52,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  28,763 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување:бензинот за 2,036 отсто, дизелот за 0,581 отсто, екстра лесното масло 0,566 отсто и мазутот 0,760 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,354 отсто.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести