Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУРОСТАТ: Третина Македонци месечно не можат ниту еднаш на кафе

ЕУРОСТАТ: Третина Македонци месечно не можат ниту еднаш на кафе

Многу од македонските граѓани не можат ни еднаш месечно да излезат на кафе или во ресторан на ручек. 

Македонија е четврта земја во Европа по тоа што нејзините граѓани не можат да излезат барем еднаш месечно на кафе или да јадат надвор од дома, објави вчера Еуростат. 

Податоците покажуваат дека 29,1% од населението во Македонија не може да си дозволи пијачка или јадење надвор заедно со пријателите или семејството ни еднаш месечно, затоа што  нема пари. Во Македонија 32,7% од граѓаните  не може редовно да учествуваат во активности во слободно време. 

За споредба, во Шведска помалку од 1%  од населението, поточно 0,8%, не можат да излезат еднаш месечно на пијалок или оброк. Во Финска таа бројка е уште помала и изнесува  1,5%, а во Данска 3,2%. Во Холандија  пијачка или оброк не можат да си дозволат 3,35% од граѓаните, во Чешка 3,4% и во Луксембург 4.1%. 

13% од населението од 16 години или постари што живее во ЕУ, се изјаснило во 2014 дека не може да си дозволи заедно со пријателите или семејството барем еднаш месечно пијалак или јадење, поради немање пари.  Од друга страна 17,8% од населението не може да си дозволи редовни активности во слободно време. Работната популација на возраст од 25 до 64 одини е малку повеќе засегната, 13,9%. 

Во понезавидна положба од Македонците се само Унгарците и Романците. Бугарите имаат слични можности како нас. 


Слично

Поврзани вести