Еуростат: Македонија прва во регионот по продажба на заштитни маски во ЕУ
За да се спречи ширењето на пандемијата КОВИД-19, земјите ширум светот презедоа различни ограничувачки мерки, кои негативно влијаеја на меѓународната трговија на стоки. Сепак, во исто време побарувачката за низа производи што можат да помогнат во борбата против пандемијата е зголемена, што имаше позитивен ефект врз меѓународната трговија со овие производи. Еден од највидливите производи заштитните маски, кои сега се во масовна купопродажба не само од медицински професионалци, туку и од многумина од нас во секојдневниот живот. Споредувајќи го првиот семестар на 2019 година со првиот семестар од 2020 година, вредноста на увозот на маски за лице во ЕУ драматично порасна, од 800 милиони евра на 14 милијарди евра, објави Евростат.
Од земјите во регионот, Македонија успеа да го искористи најголемиот дел од побарувачката на земјите од ЕУ. Увозот на произведени маски во земјите на ЕУ изнесувал безмалку 17 милиони евра за периодот јануари-јули 2020 година, споредбено со само 180 илјади евра во текот на целата 2019 година. Следат Србија со 13,4 милиони евра и БИХ со 11,2 милиони евра. Албанија е четврта во „трката за Западен Балкан“ што ја снабдува ЕУ со маски со 5,7 милиони евра.
Евростат објави дека земјите од Европската унија увезеле маски од околу 14 милијарди евра во текот на првите шест месеци од оваа година. Главната земја од каде потекнуваат маските е Кина, со 93,2% од вкупниот број, следена од Виетнам со 2%, Хонг Конг со 1%. Турција, Велика Британија и Тунис, со по 0,75 и други земји со 2,5%.
