Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еуроникел понуден на продажба

Еуроникел понуден на продажба

Сопственикот на Еуроникел објави дека комбинатот за производство на никел од Кавадарци е понуден на продажба во насока на барање на решение за решавање на кризата.

ГСОЛ соопшти дека ги понудил акциите на Еуроникел за минимален износ на најголемиот доверител (банка), како и на Константинос Даскалакис и неговата група компании кои изразиле интерес да го купат производителот.

„Константинос Даскалакис и неговите соработници, г-дин Арвинд Мундра и г-дин Џон Вотерс, покрај интересот да го купат Еуроникел преку нивната компанија EuroNickel Holding AG во Швајцарија, изразија и интерес да го одржат работењето на компанијата и да ја задржат вклучена печката. Разбираме дека се во тек преговори помеѓу банката доверител и г-дин Даскалакис со цел да се најде решение за иднината на фабриката.

Еуроникел и неговиот акционер ГСОЛ ги поддржуваат сите конструктивни разговори и активности кои можат да ја обезбедат иднината на компанијата и ги повикуваат сите засегнати страни да придонесат за одржливо долгорочно решение за фабриката“, соопшти сопственикот.


Слично

Поврзани вести