Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Еуроникел“ планира да ја рестартира и втората печка во „Фени“

„Еуроникел“ планира да ја рестартира и втората печка во „Фени“

Нови вработувања откако ќе биде ставена во употреба и втората печка за производство во кавадаречки „Фени“, најавуваат од компанијата „Еуроникел“, чиј план за реорганизација веќе доби позитивно мислење од доверителите на комбинатот во стечај. Со овој план новиот инвеститор кој сега во „Фени“ работи само со договор за производство, планира да го зголеми производството во комбинатот за фероникел, да ангажира нови добавувачи и вработени. 

„Еуроникел“ е подружницата во Македонија на фирмата ГСОЛ која во февруари беше избрана од страна на доверителите на комбинатот да го продолжи производството во Фени. Сега откакко е дадено зелено светло, овој план треба да биде и усвоен од доверителите, со што, „Еуроникел“ ќе стане и нов сопственик на кавадаречката фирма.

„Нашиот план е „Фени“да стане најголем производител на никел во Европа. Планот за реорганизација кој вчерабеше усвоен е важна пресвртница и тој содржи и многу правни детали во однос на тоа како ќе функционира фирмата, но и планови во однос на производството. Секакко комбинатот има потенцијал за раст, вработените се стручни. Сега работиме со една печка, но се надеваме дека со рестратирањето и на втората печка ќе има простор за нови вработувања“, вели Маркос Камис од ГСОЛ.

Герасим Кујунџиев кој е еден од директорите на „Еуроникел“ вели дека сите заостанати плати на вработените се исплатени, но подмирени се обврските и кон добавувачите.

„Моментно се увезува руда од Африка, Индонезија плус се разгледуваат можности за увоз од Латинска Америка. Воспоставивме соработка со добавувачите и тие секако ќе бидатвклучени и во следниот период во работата на комбинатот, вели Кујунџиев.

Според очекувањата, овој план треба да биде усвоен од фирмите кои сејавуваат како доверители во „Фени“ за неколку недели. Во тој период ќе трае стечајната постапка. Камис вели дека нивната компанија инвестирала досега над 70 милиони евра во комбинатот. Вкупните долгови на „Фени“ кога друштвото отиде во стечај беа над 67 милиони евра, а досега ГСОЛ преку „Еуроникел“ успел да откупи односно да раздолжи дури 80 отсто од побарувањата.

„Долговите беа по различни основи, кон добавувачи, банки, вработени. Со самото радолжување ние стануваме кредитори во комбинатот и во иднина ризикот останува на наш грб. Го почнавме производството, а тој процес не е од ден за ден. Мора да се планира да се обезбедат резервни делови, да се направат набавки за кои се задолжуваме. Моментно 200.000 тони руда кои се испрпени се на пат кон Македонија“, вели Андреас Цагарис, директор на Еуроникел.

Планот е од втората производствена линија да се произведува 800 до 1100 тони руда, но и самиот рестарт на таа печка чини дополнителни 15 милиони евра. ГСОЛ работи во „Фени“ од март од кога плаќа и за закуп, врз основа на тој договор за производство. Во август кога ќе истече овој договор, а откако ќе биде усвоен и планот за реорганизација во меѓувреме, оваа компанија ќе биде нов сопственик на „Фени“.

Оттаму уверуваат и дека ќе има рст на платите на вработените кои сега земаат по 27.000 во просек, но им се давале и бонуси.

Компанијата ГСОЛ е формирана во 2009 година, а е управувана од швајцарскиот фонд ФОС Асет менаџмент.

А.Т.


Слично

Поврзани вести