Еуобзервер: Високите кирии ги тераат младите луѓе во Србија и Албанија кон крајните периферии на градовите
Младите луѓе и сиромашните во Србија, Косово и Албанија бегаат во далечните периферии на градовите или ги напуштаат градовите затоа што не се во можност да платат кирија или да купат станови, пишува во анализа бриселската веб-страница „Еуобсервер“.
Во Србија, Албанија и Косово, категоријата евтини социјални станови практично не постои, а младите луѓе и оние со просечни плати не можат да преживеат во градовите поради скокот на кириите и цените на новоизградените станови, па затоа или живеат со своите родители или се иселуваат, според анализата на „Еуобсервер“.
А во Европската Унија, како што е наведено, најмалку десет проценти од луѓето мора да издвојат 40 проценти од своите приходи за кирија или ануитетни кредити за минимално прифатливи станови.
foto freepik.com
