ЕУФОРИЈАТА КРАТКО ТРАЕШЕ: Нафтата повторно се „лизга“ низбрдо
Цените на нафта повторно паднаа, по актуелната загриженост околу состојбата на глобалната економија.
Фјучерсите на американската „лесна“ нафта WTI се „лизнаа“ за 1,8 отсто, откако вчера пораснаа за 8,7 проценти, пренесе Блумберг.
WTI нафтата за испорака во февруари поевтинила за 83 центи на 45,39 долари за барел на Њујоршката берза, по вчерашното поскапување од 3,69 долари.
Вкупниот обем на тргување бил за околу 11 отсто над 100 дневниот просек.
Северноморската нафта „брент“ за февруарска испорака поевтинила за 1,05 долари на 53,42 долари за барел на лондонската ICE берза, откако вчера поскапе за четири долари.
Цените на нафтата како наведува Блумберг се на пат во оваа година да забележат пад од 25 отсто поради тековниот трговски спор меѓу САД и Кина кои се на чекор да ја турнат глобалната економија во рецесија, намалувајќи ја така побарувачката за нафта.
Цените на нафта во среда пораснаа, бидејќи сите три водечки американски берзански индекси се зајакнаа за барем четири отсто.
