ЕУФОРИЈА ВО ПРИШТИНА: Се подготвува голема прослава за војската
Сѐ е подготвено за церемонијата во Приштина, пристигнаа и американските „хамвија“.
Се прават завршните подготовки за централната церемонија на трансформацијата на косовските безбедносни сили во „војска“, јавуваат косовските медиуми.
Бота сот, пишува дека во касарната „Адем Јашари“ на поранешното Министерство за косовските безбедносни сили, сега министерство за одбрана на Косово, е спремна за официјалната церемонија. Свеченоста ќе почне во 17 часот.
Како што се гледа на фотографиите, за настанот се построени и повеќенаменските воени возила „хамви“ кои Косово неодамна ги доби од Соединетите Американски Држави.
Во косовското Собрание денеска беа изгласани три закони кои овозможуваат трансформација на косовските безбедносни сили во „војска“.
НАТО алијансата изрази жалење за одлуката на парламентот во Приштина, косовските безбедносни сили да ги трансформира во армија.