Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУФОР смирува, не постои опасност од војна во БиХ

ЕУФОР смирува, не постои опасност од војна во БиХ

Нема воена закана во Босна и Херцеговина (БиХ), вели командантот на ЕУФОР во БиХ, генерал Александар Плацер. 

Тој  изјави дека општата ситуација во таа земја е стабилна. Плацeр ја отфрли можноста за испраќање војници на ЕУФОР во Брчко, место кое ја дели Република Српска на два дела, оценувајќи дека таквиот потег повеќе ќе придонесе за ескалација отколку за смирување.

„Ние сме таму и во моментов не гледаме потреба од дополнително присуство на војници“, изјави тој за австриски Стандард. 

Командантот на ЕУФОР во БиХ рече дека основната мисија на овие сили е одржување на безбедна и стабилна средина. Додава дека со 600 оперативни членови, ЕУФОР има доволно резервни сили кои можат да бидат распоредени во секое време доколку е потребно.

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик ретерира во ставовите и појасни дека Република Српска е посветена на зачувување на мирот, стабилноста и уставниот поредок на федерацијата

„Остануваме посветени на уставниот поредок на БиХ, кој е составен од два ентитета и три суверени народи. Република Српска, исто така, инсистира другите во БиХ да ги почитуваат Дејтонскиот договор како што е напишано без никакви слободни толкувања што ја доведоа БиХ во ќор-сокак“, изјави членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Тврди дека нема намера да ја дестаблизира БиХ. 

Слично

Поврзани вести