Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ – за кого мајка, за кого маќеа?

ЕУ – за кого мајка, за кого маќеа?
Велика Британија ќе треба да плати дополнителни 2,1 милијарди евра во буџетот на Европската унија (ЕУ) во рамките на следниот месец - вест, која се очекува да го загрози уште позитивниот тон на комуникација помеѓу Лондон и Брисел. Поради фактот дека британската економија се движи подобро во споредба со другите земји од ЕУ по 1995 година, владата на Велика Британија ќе треба да изврши плаќање најдоцна до 1 декември. Сумата претставува речиси една петтина од нето рата на земјата за минатата година. Во меѓувреме, Франција - втората најголема економија во рамките на ЕУ, ќе добие попуст од придонесот кон европскиот буџет од 1 милијарда евра. Се очекува законот да предизвика жесток отпор од евроскептичните британски пратеници во еден тежок момент за премиерот Дејвид Камерон, кој се бори во последно време со силните антиевропски струи кои повикуваат за осмислување на местото на Велика Британија во Европа. Покрај Франција, на спротивната страна на Велика Британија се уште и Полска и Германија Властите во Варшава и Берлин ќе добијат стимулации во износ од 316 милиони евра и 779 милиони евра. Камерон е решен да ја оспори дополнителната такса, а за целта британскиот премиер веќе имал средба со својот колега од Холандија Марк Руте. Хиоландија исто така е меѓу земјите кои се обврзани да бидат повеќе солидарни со останатите членови, иако износот што Амстердам мора да го поднесе е далеку помал. Извор од Даунинг стрит 10 вели: "Не е прифатливо само да се менуваат придонесите за минатите години и да се побараат во некој удобен момент". Според неговите зборови, "Европската комисија не ги очекувала овие пари и нема потреба од нив". "Ние ќе работиме со други земји погодени на сличен начин, за да се направи се што е можно за оспорување на тоа", додаде тој. Новите правила на ЕУ ќе го изменат начинот на кој се пресметува бруто националниот приход на земјите од клучите скриени елементи, како што се проституцијата и нелегалната трговија со дрога. Претставници на ЕУ се на мислење дека пресметката едноставно ја одразува долгогодишната практика на прилагодување на придонесите на земјите во согласност со нивните стапки на раст. "Придонесот на Велика Британија одразува зголемувањето на нејзиното богатство", коментира Патрицијо Фиорили, портпарол на Европската комисија. Веста за ревизијата на придонесите дојде откако Камерон ги повика лидерите на ЕУ на самитот во четвртокот да отстапат од барањата на Европскиот парламент за зголемување на трошоците на ЕУ, планирани со цел стимулирање на растот. K.K.
Слично

Поврзани вести