Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ воведе строг пакет на санкции кои би можеле да ја урнат руската економија и монопол

ЕУ воведе строг пакет на санкции кои би можеле да ја урнат руската економија и монопол

Европската унија воведе нов, построг пакет санкции против Русија.

Во своето обраќање, претседателката на Европската комисија се осврна на најважните точки од новиот пакет санкции против Русија:

„Во 2022 година гледаме како се бомбардираат невини жени, мажи и деца. Путин вети војна во Европа и ја исполни. Но, вечерва гледаме дека сите европски лидери стојат заедно и се согласуваат за ова прашање: Кремљ е одговорен. Така вечерва донесовме нов, построг пакет санкции. Од вечерва санкциите важат за пет столба:

- политика;

- енергија;

- транспорт;

- извоз;

- визен режим.

Да појасниме.

Политика: воведуваме финансиски санкции за 70% од рускиот банкарски сектор. Ги замрзнуваме сите кредити. Наша цел е целата руска елита, нивните депозити во Европа, отсега и тие веќе нема да можат да кријат пари на оваа територија.

Енергетика: Руската влада најмногу има корист од енергетскиот сектор. Од вечерва нема повеќе инвестиции или подобрувања во руските рафинерии. Рафинериите само во 2019 година профитираа 24 милијарди евра. Не купуваме повеќе фосилни горива од Русија. Од вечерва ја намалуваме зависноста од рускиот гас. Залихите за оваа зима ги имаме од други добавувачи, но долгорочно ќе работиме и со други земји.

Транспорт: Руски авиони и делови за авиони се произведуваат во САД, Европа и Канада. Три четвртини од производството се одвива надвор од Русија. Санкциите значат дека продажбата на делови за руско производство престанува и го запира производството, што директно ќе влијае на поврзаноста на Русија на мапата на светот.

Извоз: го ограничуваме извозот на клучната технологија. Санкциите вклучуваат ограничен пристап до западните технологии.

Визен режим: од вечерва руските дипломати, поврзаните групи и бизнис класата повеќе нема да имаат привилегиран пристап до Европската унија. Овие мерки се веќе договорени со нашите партнери САД, Обединетото Кралство, Канада, Норвешка, Јапонија и Австралија.

Фон дер Лајен заклучи дека верува дека Путин нема да успее во намерата да ја разниша стабилноста на Европа.

Слично

Поврзани вести