Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ воведе санкции за Македонија, запрени пари од ИПА

ЕУ воведе санкции за Македонија, запрени пари од ИПА

Земјата почна да ја плаќа сметката од долготрајната политичка криза.

Европската Унија го подготви првиот бран санкции каде во центарот се ИПА фондовите. Алсат-М дознава дека Европската Комисија одлучила да суспендира 27,1 милион евра од ИПА фондовите за Македонија.

Оваа мерка на Брисел доаѓа како контра одговор на недостигот на политичка волја за спроведување на Договорот од Пржино,  кој беше потпишан пред една година со посредство на ЕУ. Европската Комисија известувањето за првите санкции им го испратила на властите во земјава на 22 јуни.

Владини извори потврдиле дека добиле писмо, но не сакале да го коментираат износот.

„Иако не можеме да ги коментираме личните барања за визи, борбата против корупцијата е еден од клучните приоритети на Владата на САД во Македонија и во целиот свет. Во согласност со претседателската изјава 7750, Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери“ - велат од Амбасада на САД во Скопје.

Од амбасадата ги повикаа Владата, граѓанското општество и медиумите да продолжат да ги истражуваат имотите на високите функционери и да ги објавуваат доказите за можна корупција.

Слично

Поврзани вести