ЕУ ТРЕБА ДА ЗАМЕНИ 100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО РУБЛЈИ ЗА РУСКИОТ ГАС: Цената на гасот за испорака во април веќе скокна за повеќе од 20 отсто
Европската унија годишно троши 200 милијарди кубни метри
руски гас. По претпоставка дека
земјите од ЕУ ќе можат да го купат ова гориво во просек од околу 500 долари, во тој случај би морале да заменат 100
милијарди долари за рубљи за да ги набават потребните количини, пресметаа економските аналитичари, откако вчера
рускиот претседател Владимир
Путин на седница на Владата, најави дека
ќе продолжи да испорачува гас во
Европа во согласност со обемот и цената наведени во договорот, но дека плаќањето ќе мора да биде во
руската валута.
По наредбата на Путин, цената на гасот за испорака во април во холандскиот центар ТТФ скокна за речиси 20,3 отсто, на 1.353 долари за 1.000 кубни метри. Рускиот претседател и нареди на владата да издаде соодветна директива до „Гаспром“ за измени на постоечките договори. Министерството за финансии и руската централна банка во рок од една недела треба да ја утврдат процедурата според која увозниците ќе купуваат рублји на домашниот пазар.
Списокот на непријателски земји и територии ги вклучува оние кои воведоа или се приклучија на санкции против Русија. Тоа се САД и Канада, земјите од ЕУ, Велика Британија, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Албанија, Андора, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Северна Македонија, како и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.
ФОТО: EPA/CLEMENS BILAN