Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ СО УЛТИМАТУМ: Ако не се постигне договор Македонија ќе се соочи со …

ЕУ СО УЛТИМАТУМ: Ако не се постигне договор Македонија ќе се соочи со …

Ако нема позитивен исход од наредните билатерални средби и договор од Пржино, Македонија ќе се соочи со изолација како што се случи со Белорусија.

Ако политичките партии не успеат да се договорат околу отворените прашања, се доведуваат во прашање парламентарните избори закажани за 24 април следната година. Без спогодба на властите во Скопје им се заканува замрзнување на сметките и ставање на „црната листа“ некои личности, предупредија од меѓународната заендица.

Сите опции се отворени. Треба да погледнете што им се случи ан некои земји во минатотот, не само во регионот, туку и пошироко. На пример Белорусија-рече Питер Ванхауте и додаде:

-Ако до почетокот на ноември не се формира Државна изборна комисија и не се реализираат законите за избори и специјален обвинител, ќе се доведе во прашање одржување на изборите.

Ванхауте предупреди дека безбедносната состојба во Македонија е загроздна иако не постои меѓунационален проблем. Опозицијата ја обвини владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски за опструкција на преговорите.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/24/pregovorite-prodolzhuvaat-oddelno-kakov-dogovor-padna-sinoka/" target="blank" ]Каков договор падна синоќа?[/button]

Инаку и на вчерашната средба преговарачите не направија ништо.

Лидерите на четирите најголеми партии на синоќешната средба со меѓународните олеснувачи договорија преговорите да продолжат во текот на деншниот ден на билатерално ниво и покрај синоќешната безуспешна средба која заврши без договор.

Белгискиот преговарач Петер Ванхауте најпрво ќе има одделни средби со секоја партија , па потоа ќе има заедничка средба која засега е неизвесно кога ќе се случи.

Вчерашните преговори почнаа под силен странски мониторинг откако пет западни амбасадори на премиерот Груевски, во Владата, како што рекоа му ја пренесоа пораката од ЕУ и САД, дека договор мора да има.

Слично

Поврзани вести