Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ со последен повик до партиите да се спроведе договорот од Пржино

ЕУ со последен повик до партиите да се спроведе договорот од Пржино

Европската унија побара од четирите најголеми политички партии во Македонија да продолжат со работата на примената на точките договорени од 2 јуни и 15 јули, за да може да се израмни загубеното време.

Портпаролката на Унијата, Маја Коцијанчиќ не одговори со детали дали Брисел е задоволен од работата на белгискиот посредник во разговорите помеѓу партиите Петер ван Хојт, како и кои се неговите главни задачи.

Таа ги повика сите „да не се одвлекува вниманието од суштинските прашања со напади на оние кои се обидуваат да им помогнат“.

„Комесарот Хан веќе јасно го изрази своето разочарување од исполнувањето на обврските од јуни/јули и ги повика сите оние кои го потпишаа политичкиот договор, да покажат лидерство и одговорност. Важно е сите земји итно да продолжат со работа за поддршка на европската работна група, со цел да се израмни загубеното време“, посочила Коцијанчиќ.

Слично

Поврзани вести