ЕУ сигнализира дека ќе ги „олабави“ условите за спасување на Грција!
Европската унија е подготвена да се прилагоди за да и помогне на презадолжената Грција, но ги одбива сеопфатните измени како би ги задоволила барањата на новата влада во Атина, изјавил денеска претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
„ЕУ ќе мора да се прилагоди на извесен број наши политики, но нема да менувамне се“, изјавил Јункер.
Неговите коментари доаѓаат во очи на утрешното доаѓање во Брисел на новиот грчки премиер Алексис Ципрас, чија влада сака укинување на еден дел од острите мерки кои морала да го превземе во замена за добивање на пакетот со финансиска помош.
Ципрас по доаѓањето на власт рекол дека сака обновување на преговорите за начинот на отплата на грчкиот долг, додека министерот за финансии Јанис Варуфакис изјавил дека Грција можеби нема да бара отпис на дел од долгот.
