ЕУ сака Македонија да прифати 20 000 бегалци
ЕУ врши притисок врз Македонија да прифати 20 илјади бегалци, пренесуваат медиумите.
Притисокот се зголеми во текот на последните неколку дена, иако позицијата на земјата, искажана од претседателот Ѓорге Иванов на средбата во Брисел, е дека Македонија нема намера да прифати бегалци за подолг период.
Претседателот бил категоричен дека земјата може да прифати само до 2.000 лица, кои можат да останат до 72 часа.
Властите во Скопје биле информирани дека треба да се подготват да прифатат бегалци за подолг период, барем за време на зимата. Тоа ќе бидат мигранти од Афнганистан додека бегалците ќе продолжат патот кон ЕУ. Проблем е и тоа дека ниту Македонија, ниту ЕУ имаат договор со Авганистан за враќање на авганистански државјани.
Истовремено регистрирањето на мигрантите не функционира, особено во Грција, каде организацијата ФРОНТЕКС и локалните власти не се справија со задачата. Досега на Македонија не се дадени никакви пари од предвидените 20 милиони евра. Причина за тоа е блокирање на помош од страна на еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос.
Истовремено во следните 48 часа грчките власти подготвуваат масовен транспорт на бегалци кон границата со Македонија. Пред два дена македонските власти успеаја да транспортираат 14 000 бегалци за едно деноноќие.
