Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ: Референдумот во Република Српска и се заканува на евроинтеграцијата на Босна

ЕУ: Референдумот во Република Српска и се заканува на евроинтеграцијата на Босна

Прогласувањето на референдум во Република Српска е предизвик за интегритетот и суверенитетот на Босна и Херцеговина и може да и се закани на европската интеграција на државата.

Тоа го изјавил денеска Маја Коцианчиќ, портпаролката на комесарот за европроширувањето Јоханес Хан, цитирана од агенциите.

Денес пратениците во парламентот на Република Српска гласаа за спроведување на референдум за тоа дали треба националниот суд да има власт над граѓаните на територијата.

Коцианчиќ исто така, изјавила дека процесот ризикува да го поткопа процесот на придржување на Босна и Херцеговина кон патот на ЕУ, за што политичките лидери во земјата се обврзаа.

„Иницијативата за референдум го одвлекува вниманието од вистинските социјални и економски проблеми со кои граѓаните на Босна и Херцеговина секојдневно се соочуваат“, додала уште Коцианчиќ.

Слично

Поврзани вести