ЕУ размислува за замрзнување на амбициите на Македонија за членство во Унијата
Претставниците на Европската унија (ЕУ) размислуваат за наметнувањето на санкции против водечки личности од Владата на Македонија и замрзнување на амбициите на земјата за членство во Унијата, зголемувајќи го значително притисокот врз владејачката елита во Скопје, пишуваат светските медиуми.
Во четвртокот, комесарот за проширување Јоханес Хан ги откажа разговорите меѓу спротивставените политички лидери во земјата, планирани за петок. Тој рече дека „ретроградни чекори“од Скопје значат дека сега е „принуден да размисли за дополнителни активности“.
Претставници на ЕУ изјавија дека се разгледуваат и насочени санкции, вклучувајќи и забрани за патување.
Предупредувањата од ЕУ доаѓаат откако Ѓорге Иванов, претседателот на земјава и сојузник на поранешниот премиер Никола Груевски, објави амнестија минатата недела на над 50 политичари кои се под истрага поради за скандалот со прислушување, кој избувна минатата година.
Помилувањето на претседателот испровоцира демонстрации во Скопје и други градови, кои се претворија во најголемите политички немир годинава.
Изненадувачката амнестија отстрани важен елемент од договорот, постигнат со посредство на ЕУ и САД минатиот јуни за решавање на кризата, која избувна кога опозицијата претстави разговори од прислушувани разговори. Тврдењата се дека тие откриваат владини фигури во незаконско прислушување, манипулирање на избори и скривање на убиство. Владата ги негира обвинувањата и вели дека аудио снимките се фалсификувани од странски разузнавачки агенции.
„Договорот од Пржино“ вклучува воспоставување на специјално обвинителство да ги истражи обвинувањата за реформирање на изборниот систем и доставување на барања за балансирано медиумско покривање.
Тој доведе и до избори оваа година, кога Груевски се повлече од премиерската функција во јануари, а Парламентот неодамна се распушти, подготвувајќи се за изборите на 5 јуни.
Европски дипломат вели дека освен ако амнестијата по истрагите за прислушување не се откаже и не се постигне брз напредок во одложените изборни реформи, ЕК ќе ја повлече препораката од 2009 година за Македонија за отпочнување на официјалните разговори за членство во ЕУ.
Иако земјава се бори за членство во ЕУ, обидите „се блокираат од Грција поради спорот околу името . Во исто време Македонија се обидува да се справи и со слабата економија и висока невработеност од глобалната финансиска криза досега.
Последната криза доаѓа во лош момент за ЕУ, кој се потпира на соработката со Македонија за ограничување на бранот мигранти кои патуваат кон блокот по т.н.. Балкански пат.
Брисел сега размислува за насочени санкции против водечки членови на владејачката партија ВМРО, вклучувајќи забрана за патувања. На средба министрите за надворешни работи на ЕУ оваа недела разговараа за додавањето на високи политички фигури кон црната листа на Шенген, иако одлуката сеуште не е донесена.
Заканата од санкции против високите владини фигури ја одразува „првата фаза“ на санкции кои ЕУ ги воведе против Виктор Јанукович, поранешниот претседател на Украина, и внатрешниот круг малку пред да се повлече од функцијата во 2014 година.
Наметнување на сличен тип санкции против лидерите на земја кандидат за член на ЕУ ќе биде преседан. Сите 28 земји од Унијата ќе треба да ги донесуваат овие мерки едногласно.
Брисел најверојатно ќе ја повлече поканата кон Македонија за учество во важни самити во јули, вклучувајќи состанок на НАТО во Варшава и на Западен Балкан во Париз, ако ситуацијата не се подобри.
Претставници на ЕУ велат дека фер избори на 5 јуни се уште се „хипотетички“ можни, но само ако амнестијата биде повлечена и бидат изготвени коректни списоци со имињата на избирачите.
Иванов го најави помилувањето на 12 април, велејќи дека специјалното обвинителство се користи за политички цели и амнестијата ќе помогне за помирување. Таа се однесува на претставници на владејачката, и на опозициската партија.
Чекорот на Иванов ги шокираше претставниците на ЕУ кои го опишаа како „директен напад против владеењето на правото“ и сериозно прекршување на договорот од минатата година. Владејачката партија изрази „длабоко разочарување“ кон активностите на претседателот неколку часови по одлуката.
Иванов сепак ја потврди својата одлука во вторникот и изјави дека нема јасна правна основа за поништување на амнестијата.
