ЕУ: Продолжување на санкциите кон Русија до септември
Европската Унија ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци, беше соопштено денеска од Европскиот совет.
Санкциите кои се воведени поради кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина беа воведени пред една година и требало да истечат до крајот на овој месец, но со одлука на советот се продолжени до септември.
Санкциите опфаќаат 150 руски функционери како и политички и воени лидери во самопрогласената република Доњецк и Луганск во источниот дел на Украина на кои им е воведена забрана за патување и располагање на имотот во ЕУ.
Освен тоа, на црната листа на ЕУ се најдоа и 37 компании на кои им е забранет пристап до европските пазари и пари. Одлуката за продолжување на санкциите е донесена во согласност на сите 28 членови на ЕУ.
