Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ презема мерки - колку „тежи“ замрзнатиот руски имот?

ЕУ презема мерки - колку „тежи“ замрзнатиот руски имот?

Европската Унија(ЕУ) го замрзна рускиот имот со цел да помогне за обнова на Украина. 

ЕУ замрзнала вкупно 68 милијарди евра руски имот, од кои најголем дел е во Белгија, пишува во интерен документ на Европската комисија, пренесува Политико. Во Белгија се замрзнати 50 милијарди евра, а по неа следи Луксембург со 5,5 милијарди евра. Ако на овие две земји ќе им се придружат Италија, Германија, Ирска, Австрија и Франција, сите тие претставуваат повеќе од 90 отсто од замрзнатите средства на руските граѓани во ЕУ. Но, Брисел не знае колку руски национални девизни резерви се замрзнати во Унијата, вели Политико. Во интерниот документ на Комисијата стои приближна бројка од 33,8 милијарди евра, но се додава дека „тоа во моментов се проценува, па точната бројка не се дава“. Комисијата сè уште чека Советот на Европа да одобри одлука со која избегнувањето санкции би станало кривично дело во ЕУ, што би го олеснило конфискувањето имот во случај на кривична пресуда. Но, Полска го запре тој процес, се вели во документот на ЕК. Еден дипломат рече дека Варшава е целосно усогласена со ЕУ, но дека прво треба да донесе национален закон, објаснувајќи дека оваа постапка е во тек, пренесува Политико. За руските власти оваа мерка е грабеж. Имаше и руски олигарси кои ја критикуваа војната, но и се откажаа од руското државјанство. Руските сили во Украина направија огромни материјални штети. 

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести