ЕУ преплавена со мигранти, гужва на „Балканската маршрута“!
Во текот на минатата година, се откриени 278 000 илегални мигранти во ЕУ, што е двапати повеќе отколку во 2013 години и двапати повеќе отколку во 2011, наведува Европската агенција за управување со граници.
Се наведува дека зголемувањето на илегални мигранти е воглавно поради зголемениот број на бегалци во светот и судирите во Сирија и Ирак, кои предизвикале најголемо иселување од Втората светска војна.
Посебно се истакнува дека граѓаните на Косово во декември 2014 година прв пат биле најчесто откриени мигранти.
Мигрантите од Косово и Авганистан се единствените кои најчесто се откриени во декември отколку во ноември, а најчесто се запирани на балканската маршута, на границата на Унгарија и Србија.
Како што се наведува , на таа граница во декмври се откриени рекордни 12 000 мигранти.
