ЕУ преку Твитер бара да се почитува Специјалното обвинителство
Делегацијата на Европската унија преку твитер профилот им прати порака на партиите потписнички на Договорот од Пржино.
Имено, оттаму напишаа сите потписници на Договорот од Пржино треба да ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство и на четиристраните работни групи.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/AmbassadorEU/status/691527654185529344?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Оваа порака доаѓа ден откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вчерашниот говор на Унијата на жени ја прозва специјалната обвинителка Катица Јанева како инструмент за доаѓање на власт на опозицијата.
Слично
