Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ предлага создавање на прифатни центри за бегалци на Балканот

ЕУ предлага создавање на прифатни центри за бегалци на Балканот

Европската унија (ЕУ) предлага создавање на прифатни центри за регистрација на бегалците во земјите од Западен Балкан. Овие центри ќе ги дополнуваат т.н. „Жешки точки“ во Грција и Италија.

За темата беше разговарано на завршената средба на министрите за внатрешни работи од заедницата во Брисел. Тие се обврзаа исто да го забрзаат земањето на бегалци по квота системот, усвоен пред неколку месеци.

Земјите членки се обврзуваат да ги користат сите правни средства за да ги регистрираат мигрантите кои поминуваат, дури и тие да ја одбиваат оваа постапка, пишува во заклучоците од состанокот. Предвидено е и присилно задржување на мигрантите, додека не им бидат земени отпечатоци.

Министерот за миграција на Луксембург, Жан Аселборн коментирал дека треба да се стави крај на неконтролираното преминување на границите, а тоа важи и за влезните и за транзитните држави.

Бидејќи на грчките острови секојдневно пристигнуваат по 10 илјади луѓе, дел од нив поминуваат на север преку границите, без да се знае нивниот идентитет. Аселборн посочил дека е илузија Грција сама да ја изврши задачата за регистрација на сите мигранти. Затоа ротирачкото претседателство предлага преку Балканскиот пат исто така да се создадат „центри за обработка“, слични на веќе отворените „жешки точки“ на грчка и италијанска територија.

Слични центри би можеле да се отворат и во други земји надвор од ЕУ и во нив да почнат постапките за азил или протерување.

Аселборн објаснил дека во моментов се прави правно истражување на овој концепт.

Слично

Поврзани вести