Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ПОДГОТВУВА УШТЕ ПОСИЛНИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА: Што се крчка за руската нафта?

ЕУ ПОДГОТВУВА УШТЕ ПОСИЛНИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА: Што се крчка за руската нафта?

Европската унија планира следната недела да претстави нови санкции кон Русија, кои предвидуваат ембарго за увоз на руска нафта.

Според неофицијални информации, ембаргото би се применувало во неколку фази, јави Би-Би-Си. Европската комисија наведува дека пред да донесе одлука ќе се консултира со САД и Групата 7 во која се најмоќните економски земји во светот.

Целта е, како што беше речено, забраната за увоз на нафта да биде доволно строга за да предизвика сериозна штета на Русија, но истовремено да не предизвика драматични нарушувања на светскиот пазар на нафта, а особено не во Европската унија.

Во Брисел посочуваат дека се свесни оти од достапноста на нафтата зависат и богатите и сиромашните земји. Затоа е неопходно да се избегне драстично зголемување на цената на нафтата, бидејќи тоа може да резултира со намалување на меѓународната поддршка за западните санкции против Русија.


Слично

Поврзани вести