Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ пак се „тресе“, кој се фаќа за сламка за спас?

ЕУ пак се „тресе“, кој се фаќа за сламка за спас?

Грција долго време беше најслаба алка во еврозоната, но нејзиниот проблем сега е настрана, затоа што друга земја се фаќа за сламка за спас.

Сега голема загриженост има околу земја која е на периферија - Португалија.

Државните обврзници на оваа земја се оценети како непожелни за вложување.

Само малку познатата и мала агенција DBRS им дава повисоки оценки.

Ако и тој рејтинг го изгубат, ќе го изгубат најголемиот купувач на португалските долгови, вели Михајел Боје, аналитичар од Саксо банк и додава дека за брзо време тоа би можело да биде проблем затоа што агенцијата веќе ги критикувала државните финансии на Португалија.

Според Боје, целата ситуација е чудна и како да оваа агенција ужива во своите пет минути слава.

Тој оценува дека целата оваа ситуација во земјата може да доведе до уште една „битка“ со Брисел.

Слично

Поврзани вести