ЕУ ни дава 1,1 милион евра за да дишеме подобар воздух
Твининг проект по теркот на ЕУ а во имплементација на Министерството за животна средина и Институтот за јавно здравје ќе го подобрува управувањето на квалитетот на воздухот за 1,1 милион евра.
Евроабасадорот Аиво Орав ја посочи преголемата загаденост на воздухот. Тој вели како секој ден ја гледа загаденоста симнувајќи се во главниот град од Водно.
„Овде живеам 3,5 години и честопати го гледам загадувањето. Луѓето кои живеат во центарот не гледаат, но јас живеам на Водно и секој ден гледам како изгледа градот кога се симнувам долу. Ние во ЕУ делегацијата доставуваме наши гледишта и секој забележува колку е високо загадувањето на воздухот“, посочи Орав.
Орав исто така истакна дека треба да се вклучат покрај финансиските средства, и човечки, за да може состојбата да се подобри.
Евроамбасадорот, додаде дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува Министерството за животна средина и просторно планирање за да се справи со предизвиците на полето на заштита на животната средина како дел од процесот за интеграција во ЕУ.
Со проектот, покрај зајакнување на капацитетите, ќе бидат вложени напори во развој на план за подобрување на квалитетот на воздухот, вклучувајќи и идентификување мерки за подобрување на квалитетот на воздухот на локално ниво, посочија надлежните.
Главни партнери во спроведување на проектот од ЕУ се Финскиот метеоролошки институт и Агенцијата за животна средина на Австрија.
Слично
