Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ нема да ги заборави земјите од Западен Балкан

ЕУ нема да ги заборави земјите од Западен Балкан

Моментот на пристапување на крајот се утврдува од самите земји: колку побрзо се спроведат реформите, толку побрзо ќе бидат прифатени во Унијата. Кога точно влегувањето ќе биде можно зависи не толку од ЕУ, колку од темпото на промените во земјите

Изгледите за пристапување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ останува, истакнува Михаел Рот, државен секретар за европски прашања во германското Министерство за надворешни работи. Според него, сепак, европските граѓани сега очекуваат Унијата да ги реши најнапред нивните проблеми пред да прифаќа и нови земји. Овој тренд предизвикува загриженост и во земјите од Западен Балкан. Затоа е толку важен сигналот даден на конференцијата во Париз во јули, на која беше потврдено дека изгледите за пристапување на овие земји во Унијата останува. Пристапувањето може да се случи, откако се исполнети сите потребни услови.

Луѓето во земјите од Западен Балкан сметаат дека приближувањето со ЕУ не напредува доволно брзо. Потребните реформи бараат многу напори и токму затоа долг на политичарите во овие земји е упорно да агитираат во името на заедничката цел - пристапувањето во ЕУ. Тоа е во интерес и на земјите-кандидати, и на Унијата. Западен Балкан заработи од приближувањето со една заедница, чии непоколеблив основни вредности гарантираат економски раст, солидарност, слобода и демократија. Унијата пак би профитирала, ако во регионот има стабилност и демократија.

Моментот на пристапување на крајот се утврдува од самите земји: колку побрзо се спроведат реформите, толку побрзо ќе бидат прифатени во Унијата. Кога точно влегувањето ќе биде можно зависи не толку од ЕУ, колку од темпото на промените во земјите. Критериумите се јасно договорени и Унијата ќе продолжи да ги поддржува овие земји на патот кон реформите.

Реформите не се цел сама по себе, ниту пак поклон пред ЕУ

Приоритет за нас имаат демократскиот развој и правната држава. Тие се фундаментални критериуми за пристапувањето. ЕУ и Србија неодамна ги отворија најважните поглавја од преговорите за пристапување, што е еден многу важен чекор, смета Рот. Сега е важно зборовите да бидат преточени во дела. Општо земено Србија е на добар пат. ЕУ многу внимателно ќе го следи исполнувањето на условите, особено што се однесува до слободата на печатот, независноста на судството, почитувањето на основните човекови права.

Јасно е, се разбира, дека промена која влијае врз целото општество, не може да се оствари од денес за утре. Потребните реформи, сепак не се ниту цел сама по себе, ниту поклон пред ЕУ, тие се повеќе од корист за граѓаните на самата Србија. Истото се однесува и до помирувањето во регионот и до односите со соседните земји - така ќе бидат постигнати трајна стабилност и мир во регионот.

И покрај различните историски искуства и ставови, земјите од ЕУ се договорија за заеднички став спрема Русија. Во пристапот кон Русија, Унијата се залага не само на санкциите, туку и на дијалогот. Тоа не е политика против Русија или политика, која ја елиминира Русија. Не станува збор и за тоа Србија да ги раскине односите со таа земја - станува збор за заедничка политичка позиција, вклучувајќи и спрема Русија. Србија одлучи да се приклучи кон ЕУ со јасна свест дека во текот на приближувањето ќе треба постојано да ја поставува надворешната политика кон заедничката надворешна политика на Унијата, завршува Рот.


Слично

Поврзани вести