Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ неединствена за квотите за мигранти

ЕУ неединствена за квотите за мигранти

Земјите членки на ЕУ не успеале да се договорат околу итниот план на распоредување на илјадници бегалци кои го преминуваат средоземното море. Смо 10 од 28 земји го поддржуваат тој предлог, а дури и оние кои го прифаќаат сакаат да го променат начинот на кој се пресметуваат квотите. На француско-италијанската граница полицијата насилно оддалечила десетина имигранти.

Околу 100 000 имигранти влегле во Евопа од почетокот на годинава па досега, а околу 2000 загинале или се водат како исчезнати во опасните обиди да стигнат до копно. Најголемиот број на бегалци стигаат во Италија и Грција, а многу повеќе се очекува дека ќе стигнат во летниот период од јуни до септември.

На разговорите во Луксембург министерите за внатрешни работи на Унијата не се сложиле околу тоа како 40 000 нови бегалци кои стигаат во Италија и Грција треба да се расподелат рамноправно помеѓу европските дваесет и осум членки за да се намали теретот за тие две земји.

„Постои несложување околу ова прашање. Нема заеднички став околу тоа дали треба да биде доброволно или задолжително“, рекол после состанокот на летонскиот министер за внатрешни работи Рихардс Козловскис чија земја до крајот на јуни претседава со Унијата.

Претходните планови доброволно да се прифаќаат имигранти покажаа дека се недоволни додека сегашниот план правно да се обврзат земјите на ЕУ да примат одреден број на бегалци не наидоа на одобрување од мнозинството. Само 10 од 28 земји го поддржуваат тој предлог , а дури и оние кои го прифаќаат сакаат да го променат начинот на кој се пресметуваат квотите.

„Знаеме дека постои значен отпор на некои земји членки кон обврзувачките мерки“, рекла германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Итниот план за сместување на имигранти е направен после несреќата во Средоземното море во април кога 800 имигранти се удавија во обид да стигнат до Италија.

На денешните разговори не се предложени никакви алтернативни мерки, рекле претставници.

Лидерите на ЕУ ќе разговараат за тој план кога се состанат во Брисел на 25 и 26 јуни, а министрите за внатрепни работи за таа тема пак ќе разговараат на нивниот состанок во јули.

„Релокацијата може да влијае само ако сите земји членки учетсвуват“. Само со обврзувачки систем ќе се осигураме дека земјите членки ќе го преземат делот на својата одговорност“, рекол комесарот на ЕУ за миграција Димитрис Аврамополус.

Полицијата регистрирала мигранти на италијанско-француската граница

Претходно денес во Вентимилиј, на границата на Италија и Франција насилно отстранила неколку десетина афрички имигранти кои кампувале тие денови во надеж дека ќе може да го продолжат патот во Франција.

Некои имигранти протестираа и се фаќале за сообраќајните знаци, а некои морале да ги носат, фаќајки ги за раце и за нозе.

Полицијата не ги допирала оние кои се распоредиле по карпите на морето.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано рекол дека сцената во Вентимилиј е удар во око за оние кои не сакаат да го видат.

Неговиот француски колега Бернар Казнев демантирал дека Франција ја затворила границата кај Вентимилје. „Кога имигрантите ја преминуваат границата и се востанови дека прво стигнале во Италија, тогаш е нормално да се вратат во Италија“, рекол Казнев во Луксембург.

Во Грција стотина сириски и ирачки бегалци, вклучувајќи жени и деца, протестирале на источниот остров Кезбос, барајќи подобри услови за живот и брзо процесирање на нивните барања за азил.

Тие исто така барале да бидат одделно сместени и од авганистанските бегалци, после тепачката која избила во еден од камповите н аостровот.

Лезбос е најоптеретувачкиот остров со прилив на имигранти од Блискиот исток, Азија и Африка кои преминуваат од Турција до блиските грчки острови. Преку 50 000 имигранти стигнале во Грција оваа година.

Деновиве секојдневна глетка пред очите на Македонија се бегалците кои транзитираат низ земјава.

Македонската влада вчера ги усвои измените и доплнувањата за законот за азил како би се зпрел бранот на мигранти кои доаѓаат над илјадници со надеж да стигнат до некои земји во Европската унија.

„Тие промени ќе овозможат подобор решавање на проблемот на илегалната имиграција со која се соочува Макеоднија“, се наведува во соопштението на владата.

Тие амандмани ќе бидат разгледани во парламентот во почетокот на следната недела, но нивното усвојување ќе биде само формалност бидјеќи владата на премиерот има мнозинство во собранието .

Според тие промени на законот, илегалните мигранти ќе имаат рок од 72 часада поднесат барање за азил или да ја напуштат земјата.

 
Слично

Поврзани вести