Честиот претставник на ЕУ во Русија Вигаудас Ушацкас е изненаден од изјавата на директорот на Гаспром дека таа компанија во 2019 година ќе престане да доставува гас во ЕУ преку Украина.
„Бевме изненадени од изјавата, би рекол дури, јавен демарш, кој го даде Алексеј Милер после состанокот со потпретседателот на Евтопската комисија Маршем, за тоа дека од 2019 година гасот во Европа нема да бде испорачуван преку Украина“, рекол Ушацкас на конференцијата за новинари во седиштето на агенцијата Интерфакс.
Гаспром планира да развива соработка во областа на гас со земјите на ЕУ. Тој рекол дека руската страна на Унијата не дала детална информација за плановите на изградба на центар за транспорт на гас на границата меѓу Турција и Грција.
Тој исто така додал дека одлуката за прекин на проектот Јужен тек не е донесена во Брисел туку во Москва.
Рускиот претседател Владимир Путин на 1 декември 2014 година во текот на посетата на Турција објавил дека во „сегашни услови Москва нема да го реализира проектот Јужен тек“ бидејќи не добила дозвола од Бугарија и ЕУ.
Во исто време, според неговите зборови, Москава е подготвена да изгради друг систем на нафтовод до Турција и да направи гасен центар на границата на Турција и Бугарија.
Директорот на рускиот гигант, го информирал Шевчовч при неговата посета на Москва на 14 јануари за плановите на Гаспром за изградба на новиот нафтовод до Турција по дното на Црното море, кој ќе обезбеди спорака на руски природен гас во количина од околу 60 милијарди кубни метри и му порачал на Брисел да побрза со изградбата на инфраструктура за прием на гас од Турски тек.
Предлогот на Милер европските земји да купуваат 50-60 милијарди кубни метри руски гас преку Турција, како што додал „тешко дека ќе функционира, но мора да се навратиме на него и да го разгледаме“.
Министерот Лавров пак бил уште поексплицитен со изјавата дека состојбата со гасоводот Јужен тек е целосно јасна, и дека тој проект е запрен поради дискриминаторскиот однос на Европската комисја поради што Европа сега се пренасочила на проектот на нафтоводот Турски тек.